Баерн Минхен денеска ги промовираше Чупо-Мотинг и Даглас Коста како нови членови на клубот од Бунсел-лигата.Напаѓачот Чупо-Мотинг доаѓа како слободен играч откако му заврши договорот со Пари Сен-Жермен.
„Прекрасно е чувството да се вратиш во Бундес-лигата и тоа во најголемиот клуб во Германија. Кој не би сакал да игра за Баерн?“, вели Чупо-Мотинг кој потпиша договр за една сезона.
Бразилецот Даглас Коста кој играше за екипата од Минхен од 2015 до 2017 година доаѓа како позајмен фудбалер од Јувентус.