Извршниот директор на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Оливер Кан, потврди дека течат преговорите за голманот на Борусија Мехенгладбах, Јан Зомер.
„Сега не можам да кажам каков ќе биде резултатот на тој процес “ – изјави Кан и ги отфрли шпекулациите дека ќе се преговара и со Кевин Трап од Ајнтрахт Франкфурт.
Баварците се во потрага по голман откако Мануел Ноер заработи повреда додека беше на скијање и ќе мора да го пропушти вториот дел од сезоната.