Европската фудбалска асоцијација ќе го казни Баерн Минхен за инцидентите што се случија по мечот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите кога неодговорни навивачи влетаа на теренот.
Еден од нив за малку ќе му го скинеше дресот на Франк Рибери додека другиот правеше „селфи“ со фудбалерите на Реал Мадрид. Од УЕФА соопштија дека ќе го разгледаат и случајот со истакнатиот транспарент од страна на домашните фанови кои ја критикуваа УЕФА за високите цени на влезниците.
Конечната одлука на дисциплинската комисија на УЕФА треба да биде соопштена на 31 мај или 5 денови откако ќе се реализира финалето на ЛШ во Киев.