Луѓето од Баерн Минхен планираат да го анагажираат 26-годишниот центарфор на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокерес.
Клубот од Минхен испратил скаути да ја гледаат играта на шведскиот фудбалер кој им оставил одличен впечаток. Тој во сезонава учествуваше на 29 натпревари во сите конкуренции со ефект од 31 гол и шест асистенции.
Напаѓачот има договор со португалскиот тим до летото во 2028 година.

