Германскиот фудбалски состав Баерн Минхен откако не успеа да се договори со тренерот на Брајтон, Де Зерби, ќе се насочи кон тројца кандидати.
Тоа се Хулен Лопетеги кој е без клуб, Роџер Шмит, кој седи на клупата на Бенфика и помалку можеби изненадувачки кох Ерик Тен Хаг од Манчестер Јунајтед. Тоа го објави новинарот Кристијан Фалк на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).
Германскиот тренер, Томас Тухел, кој е моментално на чело на Баварците, на крајот на сезоната ќе си замине од Минех.