Фудбалерот на Баерн Минхен, Ким Мин-Јae, може да го пропушти Светското клупско првенство кое започнува кон средината на јуни.
Интернациoнaлецот од Јужна Кореја има проблеми со Ахиловата тетива и добил препорака од лекарите да одмора најмалку до 15 јули. Неговиот агент, Мауро Алвес, изјавил дека болката е голема во утринските часови и дека играчот не е во состојба да тренира.
Баерн иако го обезбеди дефанзивецот, Џонатан Та, но сè уште не е познато дали играчот ќе биде достапен групната фаза на Светското клупско првенство.

