Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал, може да добие дозвола од тренерот, Жозе Мурињо, да замине во екипата на Баерн Минхен.
Според наведеното, португалскиот стратег не сака да му дозволи на напаѓачот да потпише за тим од Премиер лигата, но, можe да му даде виза да замине за Германија. Новиот тренер на Баварците, Нико Ковач, кој сака да ја засили конкуренцијата во нападот, ја разгледал идејата да го ангажира Марсијал како позајмен играч во пeриод од една година со можност да потпише и перманентен договор.
Французинот има обврска да остане кај „црвените ѓаволи“ до 2019 година, но, доколку некој ја плaти калузулата од околу 60 милиони евра, тој ќе може да си замине од тимот.