Европскиот клупски првак Реал Мадрид денеска ќе се соочи со Баерн (Минхен) во нивната прва полуфинална пресметка во Лигата на шампионите. Баварците се жедни за реванш откако минатата сезона испаднаа од Реал во 1/4-финалето а на реваншот на “Сантијаго Бернабе” имаше повеќе сомнителни судиски одлуки.
Баерн и Реал ќе се соочат по 25-ти пат. Нема други тимови кои толку често се среќаваат меѓу себе низ историјата на европските турнири. Билансот е изедначен: по 11 победи и само две реми а гол разликата е 37:36 во корист на кралскиот клуб. Речиси сите натпревари помеѓу Баерн и Реал се во фаза на елиминации. 5 пати понатаму отишол Баварскиот состав а 6 пати се радувале Шпанците. Ако се гледа само полуфиналето во ЛШ, Баерн има предност бидејќи 4 пати продолжил во финалето.
Можни состави: Баерн Минхен: Улрих, Кимих, Боатенг, Хумелс, Алаба, Мартинез, Милер, Алкантара, Рибери, Робен и Левандовски. Реал Мадрид: Навас, Карвахал, Варан, Рамос, Марсело, Модриќ, Каземиро, Крос, Иско (Бејл) , Бензема и Роналдо. Судијата на судирот во Минхен ќе биде Холанѓанецот, Бјорн Кујперс.