Германскиот фудбалски состав, Баерн Минхен, има напредни преговори со играчот на Манчестер Сити, Лерој Сане.
Според информациите на германскиот „Билд“, шампионот на Бундес-лигата понудил 40 милиони за потписот на младиот фудбалер. Сане кој пред четири години пристигна во Англија откако го напушти тимот на Шалке, во текот на претходното лето беше блиску до трансфер во Минхен, но, тоа не се случи бидејќи заработи тешка повреда на лигаментите.
Сане за „граѓаните “ има одигрно 134 натпревари со ефект од 39 голови и 45 асистенции.

