Германскиот елитен фудбалски состав, Баерн Минхен, најавува голема офанзива во текот на јануарскиот трансфер период.
Според наведеното во медимуите, Баварците ќе се обидат да донесат квалитетен десен бек бидејќи Павар по сите ротации ќе биде вметнат во средишниот дел во одбраната.Како прва опција за тимот од Минхен се споменува Кансело кој не ги оправда очекувањата во Манчестер Сити и може да добие зелено светло да си замине.
Втора опција е играчот на Монако, Хенрикс, кој исто така главно ја грее клупата. Баерн Минхен во моментов има четири бодови помалку од Лајпциг и Борусија Менхенгладбах кои се на чело на Бундес-лигата.

