Фудбалскиот прволигаш Работнички веднаш реагираше по оставката на Жикица Тасевски и денес го именуваше Баже Лазаревски за нов шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим, објавија од клубот на својот официјален сајт.
„По неотповикливата оставка на Жикица Тасевски, раководството одлучи да му даде доверба на искусниот Лазаревски, кој долг период координира со младинската академија во клубот. Тој ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на ФК Работнички до крајот на сезоната, а негови асистенти ќе бидат Томислав Франц, Славчо Георгиевски и Драги Атанасовски“ се вели во информацијата од клубот.
Баже Лазаревски ќе има можност да дебитира на клупата на ФК Работнички на неделниот натпревар против Македонија ЃП.
Од страна на клубот исто така искажа благодарност до Жикица Тасевски за професионалниот ангажман и посветеноста во работата во периодот додека беше на тренерската позиција во ФК Работнички.