Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Ерик Беили може да побара да го напушти клубот уште во јануари, откако лондонските екипи Тотенхем и Арсенал пројавуваат интерес кон него, тврди весникот „Мирор”.
24-годишниот дефанзивец го загуби првотимскиот статус по поразот од Брајтон минатиот месец. Тогаш тој бил посочен од менаџерот Жозе Мурињо како еден од главните виновници за поразот од Брајтон. Потоа Беили беше изваден од составот за дербито со Тотенхем, а со Барнли и Ватфорд се појавуваше како резерва, но само во дополнителното време.
Ако овој тренд продолжи, тогаш Беили ќе стори сé за да го смени клубот што е можно поскоро. Прашањето е дали пред тоа Жозе Мурињо ќе ги добие посакуваните нови централни дефанзивци кои инсистира да бидат привлечени во тимот.