Фудбалерите на Реал Мадрид, Герет Бејл и Хамес Родригез не го дочекаа последниот свиреж на судијата на домашниот натпревар од 12.коло на Шпанската Ла Лига против Бетис (0:0), објави весникот „Марка“.
Двајцата играчи не учествуваа на натпреварот поради повреди, но беа принудени да присуствуваат на „Сантијаго Бернабеу“. Според информацијата, Бејл и Хамес Родригез го напуштиле стадионот 10 минути пред крајот на средбата.
Да потсетиме дека Герет Бејл исто така не беше дел од домашниот натпревар на Реал Мадрид со Легањес во 11-то коло од Шпанското првенство, што се одигра на 30 октомври и заврши со резултат 5:0 во корист на Реал Мадрид.
Со овој чин Бејл и Хамес не ги прекршиле правилата на Реал Мадрид, бидејќи клупското раководство не ги обврзува повредените фудбалери на тимот да го гледаат натпревари до самиот крај.

