Реал Мадрид на теренот на Манчестер Сити ќе се обиде да ја надополни негативата од првиот осминафинален меч од Лигата на Шампионите кога загуби дома со 2-1.
„Кралевите“ ќе заминат за Англија без две големи „ѕвезди“. Станува збор за Герет Бејл и Хамес Родригез. Велшанецот подолго време има недоразбирања со управата и со тренерот додека Колумбиецот, Родригез, набрзо треба да потпише за Атлетико Мадрид.
Во експедицијата ќе биде вклучен капитенот, Серхио Рамос, кој е суспендиран и нема право да игра но, Неговото присуство треба да биде мотив повеќе за другите од тимот.