Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл , кој ќе го напушти тимот на крајот од оваа сезона, ќе остане во Шпанија и следната сезона. Тоа го пренесува „Football Espana“.
32-годишниот фудбалер и неговото семејство го сакаат начинот на живот во Шпанија и се подготвени да се приклучат на друг клуб од Ла Лига следната сезона, објави овој извор.
Герет Бејл (32) е во Реал Мадрид од 2013 година кога дојде од Тотенхем. Како дел од мадридскиот клуб, напаѓачот има одиграно 258 натпревари, а постигна 106 гола и даде 67 асистенции.