Претседателот на фудбалскиот состав Тотенхем, Даниел Леви, преговара со Реал Мадрид за да го врати Герет Бејл во Премиер-лигата.
Англичаните имаат намера да го ангажираат репрезентативецот на Велс како позајмен за две сезони, објави агентот задолжен за транфери, Џонатан Барнет. Познато е дека шпанскиот тим подолг период се обидува да се ослободи од услугите на брзоногиот фудбалер, но, проблем претсваува неговата висока плата.
Затоа „белите“ најавија дека би прифатиле да покријат половина од неговите примања доколку Бејл замине во друг тим.