Големата ѕвезда на Реал Мадрид во финалето на Лигата на фудбалските шампиони, Герет Бејл, кој постигна два гола за победа од 3:1 против Ливерпул, откако го подигна трофејот во Киев влегол во соблекувалната на противникот.
Според „Дејли Меил“, по славењето на теренот, Бејл отишол кај „црвените“ наместо да се повлече во соблекувалната на Реал и заедно со соиграчите да ја прослави титулата.
Велшанецот наводно сакал да се види со неговиот пријател, Адам Лалана, со кого играше заедно во Саутемптон пред неколку години. По финалето, Бејл рече дека може да замине ако неговиот статус во клубот не се промени.