Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, го изостави Велшанецот, Герет Бејл, за саботниот натпревар против Леванте во рамките на новото коло во Примера Дивизион.
Напаѓачот на „белите“ имал проблеми со стомакот пред неколку денови, но, сепак успеал да се опорави и да влезе во тренинг процес. Затоа неговото остуство дефинитвно не е поради болест туку доаѓа како одлука на францускиот стратег гледано од спортски и технички причини.
Реал Мадрид за гостувањето кај Леванте нема да ги има на располагање и: Родриго, Лука Јовиќ, Начо Фернандез, Маријано Дијас и Браим Дијас, кои исто така не велгоа на списокот на Зидан.