Фудбалскиот репрезентативец на Велс, Герет Бејл, кој пропушти повеќе мечеви за Реал Мадрид откако се повреди на репрезентативниот дуел со Хрватска одигран во Кардиф, вели дека подобро се чувствува во дресот на Велс отколку кај „кралевите“.
„Играњето за Велс повеќе ме мотивира од играњето за Реал. Тука сум како дома, зборувам на мојот јазик и убаво се чуствувам. Тука е како да играм фудбал со другарите во парк бидејќи ги познавам речиси сите“ – вели Бејл.
Селекцијата на Велс која има теоретска шанса да оди директно на Европското првенство во 2020 година, утре прво ќе гостува кај Азербејџан а три дена подоцна ќе ја пречека Унгарија во Кардиф.