Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Бејл: „Ова беше вистински момент за овој трансфер“
    Фудбал

    Бејл: „Ова беше вистински момент за овој трансфер“

    risteBy riste20/09/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Моментот за трансфер во Тотенхем е совршено, изјави новиот напаѓач на тимот Герет Бејл, кој се врати назад во Лондон по 7-годишно отсуство. Тој ќе игра за Тотенхем како позајмен играч од Реал Мадрид до крајот на сезоната.

    „Овој клуб е посебен за мене. Отсекогаш знаев дека ќе се вратам еден ден, а сега тоа е реалност. Јас сум во вистинско време во мојата кариера за овој трансфер и мислам дека совршено ќе одговарам на Тотенхем. Мотивиран сум, сакам да да настапам на ниво и едвај чекам да играм повторно“, изјави Бејл, кој има 56 гола на 203 натпревари за Тотенхем од неговиот трансфер од Саутемптон во 2007 година.

    Според самиот клуб, Бејл, кој се повреди на паузата за репрезентациите, ќе биде подготвен да игра во октомври.

    „Се надевам дека наскоро ќе дојдам во форма. Сакам да му помогнам на тимот да освои трофеј. Исто така, во Реал Мадрид докажав дека имам победнички менталитет. Знам како да играм во финале, како да се справам ментално со напнатоста и прекумерните очекувања. Ова искуство е непроценливо и можам да им го пренесам на момците во тимот. Тие самите мора да веруваат дека можеме да освоиме трофеи“, додаде Бејл.

    „Клубот растеше и растеше во годините кога јас бев далеку. Тој сега е во одлична форма и сакам да му помогнам да го направи следниот чекор – трофеј. Тоа е единствената наша желба и се надевам дека нашиот сон ќе се оствари” заврши Бејл во својата изјава.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.