Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, не се појавил на тренингот на тимот в пресрет на мечот со Леганес во рамките на Примера Дивизион.
Тоа веднаш наметна одредени шпакулации во медиумите кои „кралевите“ експресно ги демантираа. Според соопштението на шпанскиот состав, интернационалецот од Велс добил дозвола времено да го напушти клубот и да се упати во Лондон. Се претпоставува Бејл, кој морал да замине од приватни причини кои не се откриваат во јавноста.
Медиумите се сигурни дека неговото одење во Велика Британија нема никакви допирни точки со неговата повреда што ја заработи додека играше за Велс на мечот со Хрватска во квалификациите за Европското првенство.

