Германскиот елитен фудбалски состав, Баер (Леверкузен), му го продолжи договорот на напаѓачот, Леон Бејли, до летото во 2023 година, стои во соопштението лиферувано до јавноста.
Сегашниот договор на 21-годишниот играч од Јамајка му беше валиден до крајот на сезоната 2021/2022. Тој во дресот на „фармацевтите“ во Бундес-лигата во сезоната 2017-18 имал 76 шутеви кон противничкиот гол и дури 166 успешни дриблинзи.
Бејли се пресели во Баер во 2017 година а минатата сезона постигна 12 гола во 36 натпревари.

