Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Бејли го продолжи договорот со клубот.Играчот од Брегот на Слоновата Коска потпиша до јуни 2024 година со можност за продолжување на уште една година.
„Јас сум многу среќен. Донесoв одлука без размислување. Го сакам клубот и сакам да играм за Манчестер Јунајтед. Закрепнав од повредата и сум во добра форма“, рече Бејли.
27-годишниот фудбалер од Брег Слоновата коска се пресели во Манчестер Јунајтед од Виљареал во 2016 година. Дефанзивецот во сезонава учествуваше на осум натпревари од англиската Премиер лига и не успеа да постигне погодок.

