Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам, го советува раководството да му ги овозможи сите услови на менаџерот, Рубен Аморим.
Англичанецот верува дека португалскиот стратег може да ги врати „црвените ѓаволи“ на шампионските патеки доколку добие зелено светло да направи летна селекција.
„Ми се допаѓа Рубен. Тој е млад менаџер со успех во кариерата и многу искуство за неговите години. Затоа мислам дека ќе ги направи потребните промени“ – објасни Бекам.

