Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и на репрезентацијата на Англија, Дејвид Бекам, жестоко реагираше преку социјалните мрежи по повод формирањето на Европската Супер-лига.
„Навивачите не го сакаат најавеното натпреварување. Јас многу го сакам фудбалот а тој без фановите нема никакво значење“ – изјави Бекам.
„Фудбалот треба да се базира на успех и историја. Мораме да ги заштитиме вредностите што ги сакаме“ – потенцираше Бекам кој настапуваше за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Милан или трите клуба кои најавија дека ќе играат во новото натпреварување.

