Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Дејвид Бекам, се осврна на трансферот на Килијан Мбапе во редовите на шпанскиот гигант.
„Тој е одличен фудбалер и личност. Тој се приклучи на голем клуб. Преселбата на Мбапе во Шпанија е посебен момент не само за Реал Мадрид, туку и за Ла Лига“ – изјави Бекам.
25-годишниот француски фудбалер дојде на „Сантијаго Бернабе“ како слободен играч.

