Таткото на Лионел Меси имал средба со претставниците на клубот – Интер Мајами, кој е во сопственост на Дејвид Бекам, пренесува денеска авторитетниот весник – „Дејли Мирор“.
Легендарниот играч од средниот ред на Англија и на Манчестер Јунајтед се обидува да ја привлече аргентинската ѕвезда во неговиот проект во САД. Интер Мајами доби лиценца и официјално ќе и се приклучи на МЛС лигата во наредната сезона.
Меси кој игра за Барселона од 2004 година досега освои 10 титули во примера Дивизион, осум пати се израдува на пехарот во шпанскиот Супер куп а шест пати го подигна вредниот трофеј од Купот на Шпанија. Меси со Барса стана и четирикратен победник во Лигата на шампионите, трикратен во Супер-купот на УЕФА а во три наврати се израдува и на победничкиот трофеј од светски клупски шампионат.