Легендарниот фудбалер на Англија, Дејвид Бекамп, влегува меѓу бројните спортисти кои во текот денов изразија сочуство и жалење за трагичната смрт на поранешниот кошаркар на ЛА Лејкерси, Коби Брајант. Еден од најмаркантните ликови што се појавиле во историјата на НБА лигата, загина во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анѓелес.
„Моите зборови никогаш нема да бидат доволни да опишам како се чуствувам. Коби беше посебен спортист, татко, сопруг и пријател. Загубивме неверојатен човек како и неговата убава и талентирана ќерка Џана“ – напиша Бекамп.
„Некогаш одев на последните две минути од натпреварот само да дознаам што посебно ќе направи. Коби секогаш зборуваше убави работи за Венеса, неговата ќерка и за тоа колку е горд на целото семејство“ – напиша меѓу другото Бекам на социјалните мрежи.