Шесткратниот освојувач на Грен Слем трофеи и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, го пофали настапот на Рафаел Надал на Австралија Опен .
„Овој ден ќе влезе во историјата на тенисот. Надал пред две недели не беше меѓу главните фаворити, иако го освои АТП турнирот во Мелбурн. Но, пред тоа тој лечеше повреда шест месеци. Тој успеа да ги мине Федерер и Ѓоковиќ и не демантираше дека не е само крал од земја. Тој го има освоено секој Грен слем најмалку двапати. Тој е најуспешниот тенисер на сите времиња, тоа е непобитно“, вели Бекер.