Екипата на Ливерпул го комплетираше трансферот на Бразилскиот голман, Алисон Бекер, кој стана најскапиот чувар на мрежата во историјата на фудбалот.
Тој синоќа успешно ги реализираше медицинските прегледи и потпиша шестгодишен договор со клубот од „Енфилд“. „Црвените“ сега ќе и исплатат на италијанската Рома вкупно 70 милиони евра ( 62 милиона во готово а остатокот преку бонуси). За големиот трансфер проговори и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
„Пазарот ги диктира цените а голманите моментално држат висока цена. Добивме фантастичен, можеби дури и најдобар голман на светот, кој изненадувачки одлично зборува англиски“ – рече Клоп.