Бразилскиот голман, Алисон Бекер, набрзо може да се врати на голот на Ливерпул, тоа го најави тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, пред денешниот меч со РЕД БУЛ Салцбург во 2 коло во Лигата на фудбалските шампиони.
Дваесет и шестгодишниот Алисон кој се повреди на мечот со Норвич на 9 август, досега мораше да пропушти 9 натпревари во сите конкуренции. Неговото враќање на теренот се очекува на големото дерби против Манчестер Јунајтед.
Тоа треба да се случи на 20 октомври откако ќе заврши кратката пауза во шампионатите поради репрезентативните настапи на фудбалерите.