Екипата на Шкендија со победа од 2:1 вчера го отвори патот кон главната фаза на Лигата на Европа. Триумфот над бугарски Лудогорец предизвика задоиволство и кај предводникот на Шкендија, Јетон Беќири, кој на прес-конференцијата по мечот им честиташе на своите фудбалери.
„Видовме една убава Шкендија. Победивме со игра и тоа не беше случајност. Имавме пропусти во одбрана затоа што против нас имавме квалитетен противник. Секако, тие останувааат фаворити во овој двомеч. Мора да го дадеме максимумот на секој меч, само така ќе можеме да се надеваме и на реваншот. Ако одиграме според планот, можеме и до главната фаза на Лигата на Европа“, изјави Беќири.

