Репрезентативецот на Мароко, Ашраф Хакими, му се извинил на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за инцидентот кој се случил по вчерашниот меч за трето место на СП во Катар.
Дефанзивецот на африканскиот состав по поразот од Хрватска гневот го истури врз првиот човек на светскиот фудбал.
„Бев лут по поразот. Бев да зборувам со него, му се извинив за тие зборови кои ги кажав“ нагласи Хакими.