Трент Александер-Арнолд вели дека сите во екипата на Ливерпул се подготвени за големото дерби со Манчестер Јунајтед во рамките на Премиер-лигата закажано во текот на викендот на стадионот – „Олд Трафорд“.
„Се навикнуваме на новиот стил и новиот начин на кој менаџерот сака да играме. Мислам дека одиме добро. Имаме две победи и мораме да продолжиме во тој правец“ – беа дел од зборовите на дефанзивецот на „црвените“.
„Мораме да бидеме крајно подготвени за тешка борба. Треба да одиме таму и да ги освоиме бодовите “ – потенцираше Александер-Арнолд.

