Поранешниот фудбалер, Крег Белами, вели дека Пол Погба не смее да биде дел од тимот на Манчестер Јунајтед на неделното дерби со Ливерпул во Премиер лигата кое ќе се реализира на „Енфилд“.
Французинот остави блед впечаток на вчерашниот меч со Валенсија во Лигата на шампионите кој им припадна на Шпанците со 2 спрема 1.
„Погба беше многу слаб. Тој беше тотално незаинтересиран за успех на неговиот тим. По таквата негова игра мислам дека за него не смее да има место во тимот на големото дерби со Ливерпул. Очигледно Мурињо не може да го извлече најдоброто од него“ – нагласи поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.