Фудбалерите на Арсенал претрпеа пораз на гостувањето кај Саутемптон а еден од стандардните првотимци – дефанзивецот Хектор Белерин, заработи потешка повреда. Тренерот на лондончани, Унај Емери, веднаш по мечот оптимистички изјави, дека бекот е значаен дел од екипата и дека очекува брзо да се врати на теренот.
„Ќе сочекаме за подетални информации, тоа можеби ќе се случи до вторник. Веќе в среда не очекува нов натпревар а потоа и в сабота. Мислам дека Белерин ќе паузира неколку седмици“ – изјави шпанскиот тренер.
Во екипата на Арсенал деновиве треба да се вратат рековалесцентите: Сократис, Мустафи и Колашинац. Што се однесува до Кошчиелни кој долго време беше надвор од стројот, тој ги одигра сите 90 минути на теренот на Саутемптон.