Фудбалерот на Арсенал, Хектор Белерин, кој се повреди на дербито со Челзи, ќе мора да го пропушти остатокот од сезоната, соопшти денеска лондонскиот клуб.
Тој заработил повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото што по автоматизам носи подолга пауза и процес на рехабилитација. Шпанецот кој неодамна се врати во тимот на Арсенал успеа да одигра само два меча пред да се соочи со новата голгота и најавеното долго отсуство.
Белерин деновиве ќе мора да направи нови медицински прегледи а лекарите претпоставуваат дека операцијата ќе биде неизбежна.