Кевин Де Бруин очекува тешка пресметка со Реал Мадрид во првата елиминациска фаза во Лигата на фудбалските шампиони.
Неговиот Манчестер Сити денеска од 21.00 часот на стадионот –„Етихад“ ќе му биде домаќин на најтрофејниот состав кога станува збор за елитната конкуренција во Европа.
„Играв против Реал Мадрид практично во секоја фаза од турнирот. Знам за што се работи подобро од другите играчи. Значајно е да пристапиме кон мечот максимално сериозно” – потенцираше играчот на „граѓаните“.

