Фудбалскиот интернационалец од Белгија, Кевин де Бруин, кој во текот на летото ќе го напушти англискиот состав, Манчестер Сити, добил нова понуда.
Станува збор за екипата на Чикаго. Американскиот клуб кој најавува големи амбиции за во иднина, сака да го ангажира одличниот играч од средината на теренот.
Ќе потсетиме дека за 33- годишниот фудбалер на „граѓаните“ се заинтересирани екипи од Германија, САД и Саудиска Арабија.

