Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Томас Муниер, имаше успешна операција на скршеницата на јаболчната коска и ќе мора да паузира извесен период.
Репрезентативецот на Белгија верува дека ќе може да настапи на Мундијалот во Катар иако ситуацијата е компликувана. 31- годишниот десен бек се повреди на мечот со Хановер одигран во средата. „Милионерите“ објавија дека играчот е успешно опериран и дека нема да се врати на терените пред паузата за Светското првенство.
Белгија на СП првиот меч ќе го има на 23 ноември против Канада. Во групата се уште Мароко и Хрватска.