Учеството на Ромелу Лукаку на денешниот меч од Лигата на фудбалските шампиони против Јувентус останува под знак прашалник, потврди менаџерот на „сините“, Томас Тухел. Белгискиот напаѓач се повреди на средбата на лондончани со Малме во изминатиот месец и од тогаш нема настап на ниту еден натпревар.
„Се уште е неизвесно дали Лукаку ќе игра. Тој изгледаше добро на тренингот вчера. Ќе видиме што ќе се случи“ вели Тухел.
Играчот од средниот ред Џорџино е целосно подготвен да им се приклучи на лондончани кои во групата Х, заостануваат три бода зад лидерот Јувентус.