Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Челзи, Еден Азар, изјави дека е задоволен со доаѓањето на Гонзало Игуаин, кој го засили нападот на лондончани. Белгиецот и аргентинскиот голгетер кој деновиве дојде од Милан, успеаа на вчерашниот меч со Хадерсвилд да постигнат по два гола а нивниот тим на крајот да зебележи убедлива победа од 5 спрема 0.
„Гонзало е врвен напаѓач. Тој дејствува многу интелигентно во опасната зона. Не е типичен играч како Оливие Жиру, но, умее да ја задржи топката и да направи додавање. Убеден сум дека ќе постигне многу голови во Премиер лигата” – рече Азар.
Репрезентативецот на Белгија е оптимист дека тој и неговите соиграчи ќе успеат да направат победничка серија во тековниов месец иако ќе имаат серија на тешки натпревари во сите конкуренции.