Фудбалерот, Шарл Де Кетелар, во првото интервју за клупската телевизија на Милан го изрази задоволството што од наредната сезона ќе го носи дресот на италијанскиот гигант.
„Сега е тоа реалност и јас сум многу горд. Разговарав лично со Паоло Малдини и Фредерик Масара, кои ми рекоа дека веруваат во мене и дека ме сакаат во Милан“ – вели играчот од Белгија.
„Ветувам дека ќе го дадам максимумот на секој натпревар. Се надевам дека ќе освојам многу трофеи“ – изјави Де Кетелар кој беше купен од Бриж.