Белгиската фудбалска репрезентација во Скопје ќе допатува без својот најдобар голман Тибо Куртоа. Како што потврдија денеска од Белгиската федерација, Куртоа е повреден и нема да се појави на денешниот собир на Белгијците, пред нивното доаѓање во Скопје.
Станува збор за повреда на долниот дел од грбот поради која Куртоа ќе мора да се рехабилитира меѓу две и осум недели. Од неговиот клуб Реал (М) најавија дека тој ќе се опорави за натпреварите на Светското клупско првенство.
Македонија ја пречекува Белгија во петок на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:45 часот.

