Фудбалската селекција на Белгија ќе замине без седум стандардни репрезентативци на мечот со Чешка во квалификацииите за Светското првенство.
Пет од нив играат во германскиот шампионат и нема да патуваат поради ограничувањата околу Ковид -19. Имено, сите што живеат во Германија можат да патуваат во Чешка само откако по нивното враќање ќе се подложат на 14-дневен карантин.
Петте играчи кои играат во Германија и нема да бидат на располагање селекторот се Дедрик Бојата (Херта Берлин), Кун Кастелс (Волфсбург), Торган Азар (Борусија Дортмунд), Орел Мангала (Штутгарт) и Тома Муние (Борусија Дортмунд). Покрај нив, селекторот Роберто Мартинез ќе ги нема и повредените: Томас Вермален и Јаник Фереира Караско.