Селекцијата на Белгија го започна СП во Русија онака како што посакуваше, со победа и тоа убедливо над репрезентацијата на Панама.
Според она што се случуваше на теренот, тоа беше сосема заслужена победа на Белгија и покрај тоа што беше остварена многу потешко од очекувањата. Белгија и покрај тоа што доминираше во првиот дел, сепак својот прв гол го постигна на стартот на второто полувреме преку Мертенс во 47.минута.
На вториот гол се чекаше до 69.минута кога Ромелу Лукаку зголеми на 2:0, а истиот играч постигна уште еден гол во 75.минута за конечните 3:0 на оваа средба. Следната средба Белгија ќе ја игра против Тунис на 23.јуни.