Mанчестер Сити со пресврт го победи ПСЖ 2-1 на „Паркот на Принцовите“ со што го отвори патот кон финалето во Лигата на шампионите.
Фудбалерот на победничкиот состав, Кевин Де Брујне кој погоди за 1:1, вели дека ништо не е готово бидејќи треба да се одигра и реваншот во Англија.
„На паузата се договоривме да играме повеќе со топката за да можеме да бидеме опасни, морам да кажам дека поминавме само половна пат до финалето“ – изјави капитенот на „граѓаните“.

