Фудбалерите на Реал Мадрид продолжија со максималниот ефект во Лигата на шампионите и по гостувањето во Португалија.
Тие ја победија Брага со 2-1 а еден од головите беше дело на англискиот репрезентативец Џуд Белингем кој влезе во историјата на „кралевите“.
Тој успеа да погоди на сите три натпревари во тековнава сезона со што стана втор новајлија со таков ефект кај „белите“ . Претходно тоа му успеало на Кристијан Карембе во сезоната 1997-98.