Англискиот репрезентативец Џуд Белингем и официјално стана нов играч на Реал Мадрид.
„Кралскиот клуб“ го потврди трансферот на 19-годишниот играч за врска од Борусија Дортмунд, вреден 103 милиони евра, на кој ќе бидат додадени и бонуси.
Во договорот, Белингем се обврза на шестгодишна верност кон Реал Мадрид и ќе остане на Бернабеу до летото 2029 година, додека неговата нето плата ќе биде околу 11 милиони евра годишно. Англичанецот важи за еден од најталентираните фудбалери во светот, а беше избран за најдобар играч во изминатата сезона од германската Бундеслига.