Фудбалерите на Реал Мадрид утре на домашен терен ќе го одиграат реваншот со Баерн Минхен во полу-финалето во Лигата на шампионите.
Еден од најдобрите играчи од средниот ред на – „белите“, Џуд Белингем, кажа што мисли за тренерот, Карло Анчелоти.
„Мојата нова позиција е идеална за мене и ми овозможува поголема слобода. Сите заслуги одат на тренерот бидејќи не е лесно да се дојде до таква одлука. Очекувам добра игра против Баерн Минхен“ – вели Белингем. Првата средба во Германија заврши 2:2.